Грета Тунберг депортирана од Израел/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Грета Тунберг протерана од Израел, ја качија во авион и ја испратија за Париз

Израел ја објави депортацијата на активистката Грета Тунберг, еден ден по нејзиното апсење на бродот „Мадлин“ заедно со други патници, кои имале за цел да достават хуманитарна помош во Газа, сакајќи да ја пробијат поморската блокада.

Тунберг беше депортирана од Израел и се качи на авион за Париз. Членовите на конвојот наводно одбиле да го гледаат документарецот за злосторствата извршени од Хамас на 7 октомври.

Осум од 12-те активисти одбија да потпишат документи за депортација и се во притвор, чекајќи судско рочиште. Грета Тунберг и уште три активисти ги потпишаа документите и денес заминуваат со лет.

„Повеќе добро правам надвор од Израел отколку ако ме принудат да останам тука неколку недели“, рече таа, според Мотасем Зедан, портпарол на групата за човекови права Адала, која им обезбедува правна застапеност на активистите.

Израелското Министерство за надворешни работи објави фотографија од видливо незадоволната активистка како седи во авионот, неколку минути пред летот да полета од израелскиот аеродром Бен Гурион.

ВИДЕО | Израел ќе ја депортира Грета Тунберг

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот