Извесна судбината на пропалестинските активисти на бродот „Мадлин“, им следува депоратација од Израел
Бродот „Мадлин“ исплови од Сицилија на 1 јуни, со цел да ја пробие израелската „морска блокада“ на Газа и да ѝ достави симболична количина хуманитарна помош на палестинската енклава.
Израелските сили го запреа бродот со хуманитарна помош што пловеше кон Газа под знамето на Обединетото Кралство и приведоа десетина активисти, вклучително и Грета Тунберг, кои беа на бродот, постапувајќи според наредбата за долготрајна блокада на палестинската територија додека трае војната со Хамас.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Активистите тргнаа да протестираат против тековната воена кампања на Израел во Појасот Газа и неговите ограничувања за влезот на хуманитарна помош, кои и двете ја ставија територијата на околу два милиона Палестинци во опасност од глад.
Коалицијата „Флотила на слободата“, која го организираше патувањето, рече дека активистите биле „киднапирани од израелските сили“ додека се обидувале да ја достават очајно потребната помош на територијата.
– На бродот незаконски се качија, неговиот невооружен цивилен екипаж е киднапиран, а товарот за спасување животи – вклучувајќи формула за бебиња, храна и медицински материјали – беше конфискуван – се вели во соопштението од Флотилата.
Израелските власти, вклучително и министерот за одбрана Израел Кац, ги отфрлија активистите како ангажирани во рекламен трик и рекоа дека бродот ќе биде транспортиран до пристаништето Ашдод.
Кац рече дека ѝ наредил на војската да ги принуди патниците да гледаат 43-минутно видео од злосторствата на Хамас од 7 октомври 2023 година.
– Антисемитката Грета и нејзините пријатели што го поддржуваат Хамас, да видат точно која терористичка организација ја поддржуваат и во чие име дејствуваат, какви ужасни дела извршиле против жени, стари лица и деца и против кого се бори Израел во своја одбрана – рече Кац во својата изјава.
Израелското Министерство за надворешни работи додаде дека патниците ќе бидат вратени во нивните матични земји. Според израелските медиуми членовите на екипажот на „Мадлин“ биле однесени во пристанишниот град Ашдод.
Имаше загриженост за можното израелско пресретнување на бродот со оглед на сличен инцидент во 2010 година, кој резултираше со смрт на деветмина активисти.
„Шоуто заврши“, објави израелското Министерство за надворешни работи, објавувајќи го истото видео со активистите по рацијата на специјалните сили, каде што израелските војници им даваат на 12-те активисти од „Мадлин“ шишиња вода и сендвичи.

– Постојат начини да се достави (хуманитарна) помош во Појасот Газа – тие не вклучуваат „селфи“ на Инстаграм. Малата количина помош што беше на бродот и не ја потрошија „познатите личности“, ќе биде доставена во Газа преку вистински хуманитарни канали – соопшти претходно израелското Министерство за надворешни работи.
Од своја страна, Коалицијата „Флотила на слободата“ обидувајќи се да изврши притисок врз земјите од кои потекнуваат 12-те активисти, објави видеа снимени пред израелскиот напад, а патниците на бродот „Мадлин“ опишуваат дека „ако го видите ова видео, ме киднапираа израелските сили“.
Реакција на Амнести интернешенл
Генералниот секретар на Амнести, Агнес Каламар, го обвини Израел за кршење на меѓународното право со пресретнување на бродот „Медлин“ што пловел кон Газа.
Бродот „Мадлин“ се обидуваше да ја пробие израелската поморска блокада на Газа, во сила од 2007 година, додека носеше симболична количина помош.
Израел го пресретна чамецот надвор од нивните територијални води.
– Како окупаторска сила (призната од МСП), Израел има законска обврска да обезбеди цивилите во Газа да имаат доволно храна и лекови. Во согласност со своите обврски како окупаторска сила и правно обврзувачките наредби на Меѓународниот суд на правдата за спречување геноцид, Израел мора веднаш да ја укине својата нелегална блокада на Газа, да го олесни обезбедувањето хуманитарна помош низ Газа и да дозволи меѓународни мисии за утврдување факти во Газа.
Таа додаде дека Амнести ги повикува Соединетите Американски Држави да „направат многу повеќе отколку што направиле“ за да поттикнат пуштање помош во Газа.
#Madleen, launched by the Freedom Flotilla Coalition (FFC), was seeking to bring humanitarian aid in an attempt to breach Israel’s illegal blockade of the occupied Gaza Strip. It was carrying unarmed civilians on a humanitarian mission.
Israel interception of Madleen violates… pic.twitter.com/h5QvMeYVqk
— Agnes Callamard (@AgnesCallamard) June 9, 2025
Британија да го заштити бродот
Британската пратеничка Апсана Бегум го повика Обединетото Кралство да ја „одбрани“ Медлин, бидејќи бродот пловеше под британско знаме во меѓународните води.
Во изјавата за Икс таа напиша: „Медлин е цивилен брод што се обидува да достави помош до луѓето во Газа. Израел треба да запомни дека светот гледа и се воздржува од непријателски дејства. Владата на ОК мора да се сети на сопствените обврски според меѓународното право и да го брани правото на бродот на слободен премин“.
The Madleen is a civilian ship trying to deliver aid to the people of Gaza.
Israel should remember that the world is watching & refrain from acts of hostility.
The UK Government must remember its own obligations under international law & defend the ship’s right to free passage.
— Apsana Begum MP (@ApsanaBegumMP) June 8, 2025
Рима Хасан објави СОС-видео по израелското пресретнување
Француско-палестинската европратеничка Рима Хасан објави претходно снимено СОС-видео откако беше пресретната на бродот „Мадлин“.
Триесет и тригодишната членка на француската крајно левичарска партија Непокорена Франција (La France Insoumise) ги повикува приврзаниците да извршат притисок врз Париз да помогне да се обезбеди нејзиното ослободување.
SOS! the volunteers on ‘Madleen’ have been kidnapped by Israeli forces.
Rima Hassan is a French citizen.
Pressure the foreign ministries and help us keep them safe!E: [email protected] & [email protected]
X : @FranceDiplo_EN & @francediplo &… pic.twitter.com/hypzpbwhV8— Freedom Flotilla Coalition (@GazaFFlotilla) June 9, 2025
Половина од 12-члениот екипаж на бродот „Мадлин“ се Французи. Париз соопшти дека внимателно го набљудува бродот додека се приближувал кон Газа.
Сите, освен еден од екипажот, објавија СОС-пораки откако беа заробени од израелските сили во раните утрински часови во понеделникот.
Нејасно е зошто Омар Фајад, француски новинар во Ал Џезира, кој го покрива патувањето, не објави СОС-порака.
Шведската активистка Грета Тунберг во своето СОС-видео ги повика своите пријатели да извршат притисок врз шведската влада за нејзино ослободување како и на другите активисти „киднапирани од израелските окупаторски сили“.
Осуда на потегот на Израел
Потегот на Израел го осудија и Иран и Турција. Иран го обвини Израел за „пиратство“ откако пресретнал брод во меѓународни води, се качил на него и го влечел пловилото тргнато кон Газа. Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека пресретнувањето, кое било надвор од израелските води, било јасно кршење на меѓународното право.
– Уште еднаш ова покажува дека Израел дејствува како терористичка држава – соопшти Министерството за надворешни работи.
Министерството за надворешни работи на Шпанија го повика израелскиот вршител на должноста во Мадрид, Дан Пораз, поради пресретнувањето на „Медлин“, јавуваат израелските медиуми.
Немаше итен одговор од владите на Бразил, Германија, Франција или Холандија – другите земји со граѓани на бродот Мадлин.
Француските пратеници од левичарската партија Непокорена Франција (ЛФИ) го нарекоа пресретнувањето на бродот од страна на Израел како „јасно кршење на меѓународното право“.
Израел: Војската доби наредба да го запре бродот на Грета Тунберг и другите активисти кон Газа


