Бродот Мадлин со кој пловат активистите кон Газа меѓу кои е и Грета Тунберг/Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Израел: Војската доби наредба да го запре бродот на Грета Тунберг и другите активисти кон Газа

Министерот за одбрана на израелската влада ѝ нареди на армијата да го спречи пристигнувањето на активистите – вклучувајќи ја и Грета Тунберг – кои се обидуваат да ја пробијат блокадата на Појасот Газа со бродот „Мадлин“.

„Им наредив на Израелските одбранбени сили да дејствуваат за да не стигне „Мадлин“ до Газа. На антисемитистката Грета и нејзините пријатели, јасно им велам: Мора да се вратите назад, бидејќи нема да стигнете до Газа “, рече Кац.

„Државата Израел нема да дозволи никому да ја прекрши поморската блокада на Газа, чија главна цел е да се спречи трансферот на оружје до Хамас, убиствена терористичка организација која држи заложници и извршува воени злосторства“, додаде тој.

Мисијата на „Мадлин“ беше организирана од организацијата „Флотила на слободата“, а меѓу 12-те активисти на неа, покрај Грета Тунберг, се и бразилскиот активист Тијаго Авила и Рима Хасан, француско-палестинска членка на Европскиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот