ВИДЕО: Гранеруд славеше и во Гармиш-Партенкирхен

фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Норвешкиот ски-скокач Халвор Егнер Гранеруд славеше на втората скокалница во рамките на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во Гармиш-Партенкирхен.

Беше тоа фантастично натпреварување во Гармиш. Кубацки и Ланишек беа одлични, но и двајцата останаа во сенка на победникот од Оберстдорф.

Гранеруд на крајот го направи она што требаше да го направи, Норвежанецот мораше да прескокне најмалку 140 метри за да победи.

Норвежанецот триумфираше со 142 метри и вкупно 303,7 поени, пред Анже Ланишек кој забележа 297,3 поени. Третото, последно место на подиумот го зазеде Давид Кубацки.

Гранерунд почна како Кобајаши минатата година, а во среда ќе има шанса за нова победа во Инсбрук. Во петок ќе заврши турнејата со скоковите во Бишофсхофен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот