ВИДЕО | Готвиме со Маја: Телешко филе со аспарагус
Потребни состојки:
- 1 кромид
- 1 чаша маслиново масло
- 1 чешне лук
- 800 гр телешко филе
- 3 листови ловор
- 1 лажичка буковец
- 100 гр путер
- 1 гранче свеж рузмарин
- сол и бибер
Подготовка:
Кромидот изрендајте го на ситната страна и преку цедалка истиснете ја водата. Во водата од кромидот ставете масло, пасиран лук, ловоров лист и буковец. Со вака подготвената маринада ставете го месото и оставете да се маринира до 2 часа. Зачинете го месото со сол и бибер и ставете го да се пржи на сува и многу загреана тава. Парчињата месо пржете ги по неколку минути од двете страни и потоа додадете путер во тавата и ставете гранчиња рузмарин. Додека се пржи, прелијте го со растопениот путер вклучете ја рерната на најсилно и ставете го тавчето или плехот каде што ќе го печете месото да се загрее и кога ќе постигнат температура ставете ги парчињата месо. Печете 6 минути, односно онолку минути за да добиете печено месото какво што го сакате. Кога ќе биде готово, извадете го и оставете го на страна да стои минимум 20 минути.
Препорачано
Прилог од зеленчук
Потребни состојки:
- 500 гр млади компири
- 3 моркови
- 1 главица кромид
- 1 китка аспарагус
- маслиново масло
- сол и бибер
Подготовка:
Младите компири исечете ги на половинки а морковот на крупни парчиња и ставете го во тава за печење. Прелијте ги од маснотијата во која се пржеше и печеше месото и посолете и зачинете со бибер. Ставете ги во загреаната рерна и печете околу 20 минути. Од аспарагусот извадете го горниот дрвенаст дел а кромидот исечете го на четвртинки. Во тава ставете од маслото од месото и додадете уште малку масло. Кога ќе се загрее, ставете го аспарагусот и кромидот да се пропржат. Готово е кога на аспарагусот ќе се појават меурчиња а кромидот да биде подзагорен.
Сос
Потребни состојки:
- 2 лажички густин
- 1 чаша говедска коцка
- 1/3 чаша сок од јаболко
- 1/2 чаша бело вино
- сол и бибер
Подготовка:
Во истата тава ставете масло, супата, сок од јаболко и виното и почекајте да зоврие. Зачинете со сол и бибер по вкус. Потоа додадете густин растворен во малку вода и варете за да се згусне сосот. Мешајте со маталка за да не се направат грутки. Прелијте го месото и зеленчукот со овој сос.


