ВИДЕО | Готвиме со Маја: Брзи лиснати пити

готвиме со маја
Готвиме со Маја / Фото: Приватна архива

Кога ви се јаде нешто вкусно, а немате доволно време или пак ви дошле ненајавени гости  овие брзи лиснати пити се идеално решение. Превкусни се, а Маја споделува со сите вас рецепт за блага и солена варијанта.

Потребни состојки:

  • 1 лиснато тесто
  • 1 чоколадо за готвење
  • 1 жолчка
  • 10 гр путер
  • рум шеќер
  • 70 гр јагоди

Подготовка:

Лиснатото тесто ставете го на набрашнета површина и благо развлечете го со сукало. На средината ставете цело чоколадо. Од страните засечете го тестото за да можете да го преклопите. Врз чоколадото ставете сецкани јагоди и посипете со рум шеќер. Потоа почнете да го затворате со тестото – прво преклопете од горе и доле а потоа и странично. Кога целосно ќе го затворите, ставете парчиња путер и премачкајте со жолчка. Ставете го во тава обложена со хартија за печење и ставете го во загреана
рерна на 200 степени и печете околу 20 минути. Кога ќе биде готово, посипете со шеќер во прав.

Солена лисната пита

Потребни состојки:

  • 1 лиснато тесто
  • 300 гр мисиркино мелено месо
  • кашкавал едамер
  • чили зачин
  • шарен бибер
  • 1/2 лажица зачин за пилешко
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица сенф
  • шафран
  • сол и бибер

Подготовка:

На тава со загреано масло испржете го месото и зачинете го. Лиснатото тесто ставете го на набрашнета површина и благо развлечете го со сукало. На средината ставете две парчиња кашкавал со дебелина од околу 1,5 цм. Од страните засечете го тестото за да можете да го преклопите. Врз кашкавалот ставете го испрженото мелено месо. Потоа почнете да го затворате со тестото – прво од горе и доле преклопете а потоа и странично. Кога целосно ќе го затворите, премачкајте го со сенф одозгора. Ставете го во тава обложена со хартија за печење и ставете го во загреана рерна на 200 степени и печете околу 20 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот