ВИДЕО: Голден стејт во финалето на Западната конференција

Клеј Томпсон/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Голден стејт славеа над Мемфис со 110:96 и се пласираа во финалето од НБА плеј-офот на Западната конференција.

Вориорси така дојдоа до 4:2 во серијата и во финалето на Западот ќе играат со победникот од дуелот Феникс – Далас (3:3).

За Голден стејт доминираа Клеј Томпсон со 30 поени (осум скокови) и Стеф Кари кој запиша 29 поени, седум скокови и пет асистенции.

Кај Гризлис се истакна Дилон Брукс со 30 постигнати поени, а пет коша помалку имаше Дезмонд Бејн.

Бостон израмни на 3:3 во полуфиналето на Истокот против Милвоки. Најзаслужен за победата на Селтикси беше Џејсон Тејтум со 46 поени (девет скокови).

Одлична партија за Бакси имаше грчкиот интернационалец Јоанис Адетокумпо од 44 поени, 20 скока и шест асистенции, но тоа не беше доволно да се спречи третиот пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот