ВИДЕО: Ѓоковиќ со фуриозен старт на турнирот во Тел Авив

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ/Тел Авив, Израел/29 септември 2022/фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми денеска се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот кој се одржува во Тел Авив, Израел.

Србинот после 16 години повторно игра на израелското тло, а во второто коло беше убедлив против Шпанецот Пабло Андухар кој го елиминираше со 6:0 и 6:3. Ова беше вкупно трет меч меѓу Ѓоковиќ и Андухар, и трета победа за српскиот ас.

После точно 81 ден ова беше прв меч за Ѓоковиќ на турнир кој се бодува, после финалето на „Вимблдон“ кога го совлада Ник Кирјос од Австралија.

За пласман во полуфиналето Ноле ќе игра против Канаѓанецот Васек Поспишил кој беше подобар од домашниот натпреварувач Едан Лешем со 6:3 и 6:2.

Во останатите денешни мечеви: Лестјен (Фра) – Руусувуори (Фин) 2:0, Ван Де Зандшулп (Хол) – Броуди (Бри) 1:2 и Шварцман (Арг) – Риндеркнех (Фра) 1:2.

Во другите четвртфинални дуели се среќаваат: Риндеркнех (Фран) – Сафиулин (Рус), Лестјен (Фра) – Креси (САД) и Броуди (Бри) – Чилиќ (Хрв).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот