Новак Ѓоковиќ/ EPA/JOEL CARRETT AUSTRALIA

ВИДЕО: Ѓоковиќ сигурен во Австралија, без изгубен сет ја скокна и втората пречка

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми ја мина и втората пречка а Австралија опен, совладувајќи го Италијанецот Франческо Маестрели со сигурни 3-0 во сетови (6-3, 6-2, 6-2).

Српскиот ас од самиот старт ја презеде иницијативата и јасно ја наметна разликата во класа. Маестрели се обидуваше да парира со долги разменувања во првиот сет, но Ѓоковиќ стрпливо ја чекаше својата шанса и рано направи брејк, кој му беше доволен сигурно да го приведе сетот кон крај.

Во продолжението, Новак уште повеќе го засили темпото. Со брејк на самиот почеток од вториот сет целосно ја презеде контролата, додека Италијанецот сè потешко се снаоѓаше во дуелите од основната линија. Прецизноста и агресивноста на Ѓоковиќ во клучните моменти донесоа уште еден брејк и комотно водство од 2-0 во сетови.

Маестрели успеа накратко да се врати со брејк на стартот од третиот сет, но радоста траеше кратко. Ѓоковиќ експресно возврати, ја врати рамнотежата и повторно ја презеде доминацијата. Иако Италијанецот се обидуваше да биде поофанзивен, честите грешки го чинеа повеќе, па Новак рутински го затвори мечот по два часа и 15 минути игра.

Во третото коло, Ѓоковиќ ќе игра против Ботик ван де Зандшулп, кој беше подобар од Јунченг Шанг. На српскиот тенисер му недостига уште само една победа до јубилејниот 400-ти триумф на грен-слем турнирите, а формата што ја прикажа во Мелбурн најавува дека таа бројка е само прашање на време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот