ВИДЕО: Ѓоковиќ и Мекинро во егзибициски меч победија против Алкараз и Агаси
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Американецот Џон Мекинро ги победија Карлос Алкараз и Андре Агаси со 10:8 во егзибициски меч на стадионот „Артур Еш“ во Њујорк.
Препорачано
Ѓоковиќ се подготвува за настапот на грен слем турнирот САД опен кој започнува на 26 август.
Потсетување дека овој месец Србинот го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако во финалето го совлада Алкараз со 7:6 (7:3), 7:6 (7:2).
– Му кажав дека сум му благодарен што ми дозволи да го освојам златото. До крајот на кариерата веројатно најмалку три пати ќе го освои златниот медал – изјави Ѓоковиќ кој ги воодушеви навивачите на трибините на стадионот Артур Еш.
За време на мечот Агаси му се обрати на Ѓоковиќ: „Како никогаш не промашуваш?“, по што следеше одговорот на српскиот тенисер.
Djokovic and McEnroe take a thriller 10-8 over Agassi and Alcaraz! pic.twitter.com/rkaVch0hXx
— US Open Tennis (@usopen) August 22, 2024
– Се чувствувам подобро отколку кога освоив злато на Олимпијадата – беа зборовите на Ѓоковиќ.
Американските медиуми потсетуваат дека Ѓоковиќ, Алкараз, Мекинро и Агаси заедно освоија 43 Грен слем титули во поединечна конкуренција. На егзибициските мечеви учествуваа и Енди Родик, Хуан Мартин дел Потро, Ига Швјонтек, Јасмин Паолини, Матео Беретини, Себастијан Корда.


