ВИДЕО: Германска репортерка се намачкала со кал за да излаже дека учествувала во напорите за расчистување по поплавите

Фото: Принсктрин / Твитер, Инстаграм

Репортерка на германскиот „RTL“ добила отказ откако била фатена како се мачка со кал пред да снима репортажа во разурнат град од поплави оваа недела, пренесува „Deutsche Welle“.

Сузана Охлен (39) се намачкала со кал за да се преправа дека учествувала во напорите за расчистување во Бад Мунстереифел по големите поплави што однесоа најмалку 128 животи во Германија.

На снимката се гледа репортерката која е облечена во сина кошула, капа и чизми, а потоа може да се воочи како се наведнува, зема кал и ја размачкува на нејзината облека додека е опколена со оштетени куќи и остатоци од поплавите. Потоа се наведнува по втор пат, овој пат мачкајќи ја калта на лицето.

Таа била фатена откако еден сведок ја снимил додека го прави тоа, по што го објавил видеото на социјалната мрежа твитер:

На твитот одговорија и од официјалниот профил на „RTL“:  „Јасно е дека пристапот на нашата репортерка е во спротивност со новинарските принципи и нашите сопствени стандарди. Затоа ѝ дадовме отсуство од работа во понеделникот откако слушнавме за тоа.“

На твитер се споделува и видеото од репортажата кое беше прикажано во понеделникот на германската телевизија „RTL“:


Репортерката се огласи на својот инстаграм-профил по инцидентот.

„Во понеделник направив сериозна грешка пред репортажата за „Gutten Morgen Deutchland“. Претходните денови веќе помогнав приватно во регионот и утрото кога морав да застанам пред камерата ми беше срам да го направам тоа со чиста кошула. Потоа, без да размислувам двапати, намачкав кал на облеката. Како новинар, никогаш не смееше да си го дозволам тоа. Како личност што се грижи за страдањата на сите погодени, жал ми е“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Susanna Ohlen (@susannaohlen)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот