ВИДЕО: Геј оргии, проститутки и детска порнографија – Сите скандали на луѓето блиски до Орбан

Фото: EPA/ LASZLO BELICZAY, EPA / TIBOR ILLYES, PROFIMEDIA / RAS SRBIJA

Светот овие денови се забавува со деталите од една геј журка во Брисел на која еден од учесниците бил унгарскиот политичар и европратеник Јозеф Сајер.

Ова беше само последен во низата инциденти и скандали каде главните актери беа унгарските политичари, по правило блиски соработници на премиерот Виктор Орбан кој се претставува како бранител на „семејните и христијански вредности“.

Геј оргии во доба на корона

Стајер, еден од основачите на унгарската владејачка партија Фидес, во вторникот поднесе оставка во Европскиот парламент откако беше откриено дека учествувал на геј забава за време на полициски час во Брисел.

Тој во соопштение изјави дека ги прекршил белгиските мерки против пандемијата и им се извини на својата фамилија, колегите и гласачите.

Дваесеттина луѓе, вклучувајќи го Стајер и засега непознати дипломати, парично се казнети заради тоа што во петок вечерта присуствувале на приватна журка во стан над геј бар каде имало секс, дрога и алкохол.

Европратеникот кој учествувал во геј-оргијата во Брисел е од Унгарија, од партијата на Виктор Орбан: Тој е гласен конзервативец против ЛГБТИ правата

Сајер бил фатен додека се обидувал да избега преку прозорот при што и се повредил. Полицијата во неговиот ранец пронашла и опојна дрога, а потоа го испратила до дома каде покрај дипломатски пасош бил утврден и неговиот идентитет.

Со тоа беше ставен крајот на неговата кариера во Европскиот парламент, а останува да се види дали ултра конзервативната партија Фидес ќе му го прости овој скандал. Сајер и самиот е познат како противник на хомосексуалците, кој во унгарскиот Устав ја внесе дефиницијата на бракот како „заедница на маж и жена“, што послужи како основа за бројни анти-ЛГБТ закони.

Оргии на јахта

Унгарскиот политичар Жолт Боркаи се најде во центарот на скандал минатата есен кога беа објавени фотографии, а потоа и видео снимка, на која тој е во друштво на неколку проституки на јахта во хрватското приморје.

Тој период, на еден блог почнале да се појавуваат текстови за градоначалникот на унгарскиот град Ѓер во кои тој е обвинет за злоупотреба на моќ, корупција, користење дрога и услуги на проституки. После текстовите, следеле снимки и фотографии.

Боркаи првично негирал дека е тој на снимките, па признал дека е, но додавајќи дека нема да поднесе оставка на позицијата  градоначалник, за на крај да поднесе оставка.

Меѓутоа, Боркаи е избран на истата функција само еден месец по скандалот. Партијата застана зад него и го опиша инцидентот како „негова приватна работа“.

Детска порнографија

Во јули еден суд во Будимпешта го осуди членот на Фидес и бивши унгарски амбасадор во Перу, Габора Калета на една година затвор заради поседување на повеќе од 19.000 експлицитни фотографии од малолетници.

Калета е уапсен пролетта во 2019 година по обвинувањата за детска порнографија. Веднаш по апсењето му беше одземен дипломатскиот статус по што тој го изгуби имунитетот.

Калета беше унгарски амбасадор во Перу од 2017 година. Претходно, односно од 2012 година, беше портпарол на унгарското министерство за надворешни работи. Студираше право на католички универзитет, а неговите бивши колеги го опишале како „добро информиран и образован“ човек кој бил „пример на верник кој често ја цитира Библијата“.

Организаторот нa геj-oргијата во Брисел открива: Унгарскиот европратеник правел секс-забави и во својот дом

Извор: Блиц.рс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот