Европратеникот кој учествувал во геј-оргијата во Брисел е од Унгарија, од партијата на Виктор Орбан: Тој е гласен конзервативец против ЛГБТИ правата

Откако веста се рашири низ целиот свет, се огласи и Жајер за инцидентот, потврдувајќи дека бил присутен на оргијата: „Се извинувам на моето семејство, моите колеги и моите гласачи“.

Бриселската полиција утрово соопшти дека во петокот открила и спречила „ковид оргија” во кафуле во центарот на градот, откривајќи дека помеѓу учесниците биле повеќе европски дипломати и еден европратеник, јави дописничката на МИА од Брисел.

Дваесет и пет лица учествувале во геј-оргијата во кафуле близу полициската станица во центарот на градот, информираа властите.

Идентитетот на европските дипломати како и идентитетот на пратеникот од Европскиот Парламент претпладнево не се откриваа од страна на полицијата, но познато беше дека европратеникот се обидел да побегне кога влегла полицијата во објектот.

Полициски извор изјавил „налетавме на огромен генг бенг”, а на локацијата пронајдени се алкохол, дроги, а сите присутни се казнети.

Сега, најчитаниот белгиски медиум потврди дека европратеникот што се обидел да избега е унгарскиот политичар Јозеф Жајер.

Јозеф Жајер / AFP / Profimedia

Она што е најконтроверзно во целата приказна е што, овој европратеник е познат како гласен противник на правата на ЛГТБИ заедницата, како во Унгарија, така и во европарламентот.

Исто така, Жајер е член на партијата Фидез – Унгарска цивилна Алијанса, национално-конзервативна десничарска партија во Унгарија, основана во 1988 година, а беше и нејзин лидер во унгарскиот парламент од 1994 до 2002 година. Добропознато е и дека оваа партија е под „крилото“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан. По тој мандат, преминува во Европскиот Парламент.

Унгарски новинари и активисти реагираат дека токму овој човек е еден од најгласните и најактивните борци против правата на ЛГБТИ заедницата.

За целата случка да биде уште поконтроверзна, пред полицијата да го расветли овој случај, во неделата Жајер неочекувано си дал оставка во парламентот за да се посвети на „интелектуална работа“

Откако веста се рашири низ целиот свет, се огласи и Жајер за инцидентот, потврдувајќи дека бил присутен на оргијата: „Се извинувам на моето семејство, моите колеги и моите гласачи“.

– Не користев дрога, им понудив на полицајците да ме тестираат на лице место, но не ме тестираа. Полицајците рекоа дека ми нашле дрога во форма на таблети, односно екстази. Не е моја, не знам кој ја подметнал. Дадов изјава за полицијата околу ова. Жал ми е што ги нарушив правилата, беше многу неодговорно од моја страна, ќе ги претрпам последиците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот