Тунел Бељаковце - Крива Паланка / Фото: Синиша Ивановски - Фејсбук

ВИДЕО + ФОТО | Пробиен последниот тунел во изградбата на пругата Бељаковце- Крива Паланка

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски денеска објави дека е пробиен и последниот од 15-те тунели на пругата Бељаковце-Крива Паланка. Тој вели дека следните месеци очекува „посериозна активност и видлив прогрес“ во изградбата на пругата.

„Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија ( Бељаковце – Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена. И натаму моменталниот прогрес од страна на изведувачот не е според очекувањата но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес. Коридорот 8 е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранско Море со Црно Море”- Ивановски напиша на Фејсбук.

Вицепремиерот и министер за транспорт на земјава, Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов на 6 ноември го потпишаa Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија, со што, двете земји ги дефинираа активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8.

Подобра транспортна врска меѓу Црното и Јадранското Море – Македонија и Бугарија потпишаа договор за дел од Коридор 8

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот