• тунел

Ужас во Кина: Четиринаесет мртви откако автобус удри во ѕид од тунел

Четиринаесет лица загинаа, а 37 се повредени во сообраќајна несреќа на патнички автобус во северната кинеска провинција Шанкси, соопштија локалните власти. Патнички автобус удри во ѕид од тунел на автопатот Хохот-Беихаи во Шанкси во вторникот, објави новинската агенција Синхуа. Спасувачките сили излегле на местото на настанот, а истрагата за причините за несреќата е во тек.