Драма во Белград – спасувачите трагаат по човек кој исчезнал во тунел под Панчевачкиот мост

Дојавата е примена во вечерните часови, по што е побарана асистенција од пожарникарите-спасувачи.

Припадници на српската Противпожарно-спасувачката единица вечерва се вклучени во потрага по лице кое, според пријавата до полицијата, пешки влегло во железничкиот тунел под Панчевачкиот мост кај Панчево, јавува „Србија Данас“.

Дојавата е примена во вечерните часови, по што е побарана асистенција од пожарникарите-спасувачи.

Екипите пристигнале на терен во 20:40 часот и заедно со припадници на полицијата веднаш ја започнале потрагата.

Претрагата се одвива од двете страни на тунелот – еден дел од екипата влегол во тунелот од страната на Панчевачкиот мост, додека другиот дел е ангажиран од правецот на Вуковиот споменик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот