ВИДЕО: Феникс најдобар на Западот, за шампионскиот прстен со Атланта или Милвоки
Кошаркарите на Феникс санс го совладаа доцна синоќа Лос Анџелес клиперс со 130:103 и вкупен резултат 4:2 во финалната серија на Западната конференција.
„Сонцата“ за првпат од 1993 година ќе се борат за шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот.
Најзаслужен за победата на Феникс беше искусниот Крис Пол кој реализираше 41 поен (7/8 за три), додаде четири скокови и осум асистенции.
Следен од Девин Букер со 22 поени и седум асистенции, Краудер додаде 19, а Ејтон 16 коша и дури 17 скокови.
На спротивната страна за Клиперси доминираше Морис со 26 поени (девет скокови), а Пол Џорџ реализираше 21 поен и девет скокови.
Феникс во големото финале ќе игра со подобриот од финалната пресметка во Источната конференција помеѓу Милвоки бакс и Атланта хокс каде што моментно е нерешено (2:2).