Братислав Гашиќ / Фото МИА

ВИДЕО | Еве го раскошниот имот од 23 милиони евра на српскиот министер за одбрана: Гашиќ поседува зоолошка, етносело, црква и згради

Меѓу српските политичари, најимпресивен имот поседува министерот за одбрана Братислав Гашиќ, кој заедно со членовите на своето семејство е сопственик на етносело, станови, згради и земјиште со вкупна вредност од повеќе од 23 милиони евра, објави српски „Крик“.

Во најновиот серијал на „Крик“, „Преку мандат до квадрат“, новинарската екипа го посети огромниот имот на министерот Гашиќ.

Новинарската екипа направила обиколка на имотот, односно на етноселото во Ломница, во сопственост на министерот за одбрана на Србија. Низ селото Велика Ломница минува пат што го поврзува Крушевац со планината Јастребац, а на еден негов дел, спроти селските гробишта, се наоѓа густ ред дрвја што од погледите на минувачите крие дел од огромниот имот на Гашиќ.

Србија: Ексминистерот Гашиќ, разрешен поради сексизам, сега е член на телото за родова еднаквост

Од патот може да се влезе во дел од имотот кој е отворен за посетители, каде што Гашиќ и неговото семејство развиваат етносело, во тек е изградба на низа куќички кои ќе се издаваат под кирија. Новинарите забележале и црква, пластеник во кој се одгледува зеленчук, како и дел што функционира како мала зоолошка градина со домашни животни. Според нивните наоди, станува збор за веројатно најголемиот имот на еден српски политичар.


Во рамки на комплексот, министерот, како што наведува „Крик“, фактички присвоил и јавни добра – мала река што сега тече низ неговиот имот, како и локален пат важен за жителите на околината. Понатаму се наоѓа ергела со име „Ел Дадико“. Друг дел од имотот е ограден и целосно приватен, наменет исклучиво за семејството Гашиќ и нивните гости.

Освен луксузната вила, добро скриена од погледите на јавноста, Гашиќ изградил и неколку други објекти во нејзина близина, што може да се види и на воздушните снимки. Вредноста на овој дел од имотот се проценува на повеќе од 1,7 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот