ВИДЕО | Ени Ленокс емотивна на доделувањето на Греми: Пејачката низ солзи повика да се стави крај на војната

Фото: Chelsea Lauren / Shutterstock Editorial / Profimedia

Наградите Греми претставуваат најпрестижно признание во светот на музиката, а годинашното доделување на статуетките, кое се одржа во неделата, го одбележаа неколку историски победи и извонредни изведби на музиката што остави свој печат во 2023 година.

Но, она што исто така привлече внимание кај јавноста беше настапот на шкотската пејачка, текстописец и политичка активистка Ени Ленокс. Имено, таа настапи во сегментот на церемонијата посветен на починатите ѕвезди, па повика на прекин на огнот во Појасот Газа.

Во последните моменти од нејзината изведба на песната „Nothing Compares 2 U“, во чест на починатата ирска пејачка Шинејд О’Конор, Ленокс со солзи во очите, ја крена раката и извика: „Уметниците за прекин на војната. Мир во светот“.

Нејзините обожаватели ширум светот го изразија своето задоволство од нејзиниот храбар апел за време на настапот во кој оддаде почит и на починатата ирска пејачка, позната по нејзината поддршка и застапување за палестинските права.

Неколку други познати личности се приклучија на повиците за мир во Газа на овогодинешното доделување на Греми наградите. Членовите на бендот „Бојџиниус“ носеа беџови со натпис „Уметниците повикуваат на прекин на огнот“, што е и мотото на петицијата упатена до американскиот претседател Џозеф Бајден, која ја потпишаа многу музичари и актери.

Петицијата ја потпишаа, меѓу другите, Џенифер Лопез, Хоакин Феникс, Џанел Монае и многу други.

66. издание на наградите Греми: Тејлор Свифт, Били Ајлиш и Мајли Сајрус ја одбележаа вечерта

ФОТО | Среде борбата со тешката болест: Селин Дион се појави на годинашните награди Греми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот