ВИДЕО | Емболо погоди против „своите“ и донесе победа за Швајцарија

Фото: EPA-EFE/Abir Sultan

Швајцарија важеше за благ фаворит против Камерун во денешниот прв натпревар на програмата и таа улога Швајцарците ја оправдаа со триумф од 1:0.

Камерун денес имаше свои шанси, меѓутоа Зомер во секоја од приликите на репрезентативците на Камерун беше на висина на задачата. Заканите Камернците најчесто ги испраќаа преку Чупо-Мотинг од Баерн и соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, Ангуиса.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи на стартот на вториот дел кога Емболо кој е роден во Камерун го совлада Онана. По тој гол на Швајцарија падна нивото на игра Камерун, па Швајцарија без многу проблеми ја одбрани предноста до крајот на средбата. Сеферовиќ во последните моменти имаше и одлична прилика за 2:0, но не погоди.

Во продолжение од денешната програма Уругвај од 14:00 часот ќе се сретне со Јужна Кореја, потоа Португалија игра со Гана и во вечермиот термин од 20:00 часот е дербито на денот помеѓу Бразил и Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот