Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | „Е*ете се сите“: Фанови се убедени дека Русинката Андреева ја опцу публиката откако победи во Мелбурн

Руската тенисерка Мира Андреева привлече големо внимание на Австралија опен, не само поради убедливата победа над Гркинката Марија Сакари (6-0, 6-4) во второто коло, туку и поради еден контроверзен момент кон трибините.

По последниот поен, 18-годишната Андреева аплаудираше и замавна кон публиката, а снимката од тој момент брзо стана вирална на социјалните мрежи. Дел од фановите се уберени дека таа изјавила „thank you all“ (фала ви на сите), додека други тврдат дека усните на Андреева откривале пцовка „f*ck you all“ (е*ете се сите).

Треба да се знае и дека Сакари имаше силна поддршка од грчките навивачи, а самата Андреева по мечот призна дека атмосферата била жестока, што дополнително е причина да се смета дека Андреева не се заблагодарила, туку искористила пцовка.

ВИДЕО: Ѓоковиќ сигурен во Австралија, без изгубен сет ја скокна и втората пречка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот