Црвена звезда/Партизан EPA/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО | Ечеше цела „Арена“ — српските студенти на „вечното дерби“ испратија силна порака

Кошаркарите на Партизан по вистинска драма ја совладаа Црвена звезда во „вечното дерби“ во полуфиналето од плејофот на АБА-лигата. Црно-белите имаа убедлива предност во поголемиот дел од натпреварот, но во финишот малку фалеше да го прокоцкаат триумфот. Сепак, успеаја да се спасат и да стигнат на чекор до пласман во финалето.

Освен возбудувањата на паркетот, големо внимание привлече и атмосферата во салата. Навивачите во неколку наврати скандираа препознатливи пароли од студентските протести, испраќајќи гласна порака до актуелната власт пред протестот закажан за 23 мај.

Во првото полувреме од трибините се слушаше: „Кој не скока, тој е ќаци“, а подоцна и скандирањето „Пумпај“. Сепак, впечатокот е дека најгласно беше во второто полувреме.

Покрај останатите скандирања во текот на натпреварот од целата арена одекнуваше: „Студентите победуваат“.

Партизан поуспешен во првиот меч против Црвена звезда во полуфиналето на АБА лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот