Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Партизан поуспешен во првиот меч против Црвена звезда во полуфиналето на АБА лигата

Кошаркарите на Партизан во српската пресметка денеска беа подобри од Црвена звезда во првиот натпревар од полуфиналето на плејофот во АБА лигата.

Дербито во Белградската арена пред 15 илјади навивачи им припадна на „црно-белите“ кои водеа практично од почетокот до крајот на мечот, беа посмирени, попаметни, со поефикасна реализација и триумфираа со 100:94.

Во текот на последната четвртина можеше да дојде и до неверојатен пресврт, Партизан имаше и предност од 20 коша разлика (84:64), па следуваше непотребно опуштање во играта и дозволи неговиот противник да дојде до дури „минус еден“ (95:94) во последната минута.

Со оваа победа, Партизан поведе со 1:0 во серијата, а да ве потсетиме, се игра на два добиени натпревари.

Кај победникот, Вашингтон постигна 23 поени, Браун 16, Џонс 15, а Џекири 14. На другата страна, Нвора беше стрелец на 31 поен, Батлер 18, Изунду 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот