ВИДЕО | Џенифер Лопез на 57. роденден порача: „Животот станува сѐ подобар кога не се предаваш“
Светски познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез го прослави својот 57-ми роденден и упати моќна, инспиративна порака до своите милионски следбеници на Инстаграм. Латино ѕвездата објави видео снимено на зајдисонце, каде што ужива во возење со отворени прозорци и насмевка на лицето, а во позадина одекнуваат зборовите од познатиот говор на Теодор Рузвелт од 1910 година — „Човекот во арената“ (The Man in the Arena), кој им оддава почит на оние кои храбро се борат и продолжуваат понатаму и покрај сопнувањата и критичарите, пишува „Пипл“.
Препорачано
Покрај видеото, Џеј Ло напиша едноставна, но силна порака:
- „Кога продолжуваш понатаму, стнуваш сѐ подобар и подобар“.
View this post on Instagram
Гламурозен роденденски месец во Париз и Европа
Оваа објава е само круна на повеќенеделната прослава која Џенифер ја започна уште во текот на овој месец во Европа, опкружена со семејството и најблиските пријатели.
Прво го привлече вниманието за време на Неделата на високата мода во Париз, каде што воодушеви во дизајнерски креации на Зухаир Мурад, Стефан Ролан и Тамара Ралф, искомбинирани со дијамантски накит од над 400 карати.
Во меѓувреме, извор за списанието PEOPLE откри дека пејачката имала и незаборавна приватна вечера во познатиот париски ресторан „Сиена“ (Siena):
„Џенифер блескаше цела вечер. Се гледаше дека ужива во секој момент. Ресторанот ја изненади со торта од крем со свежи бобинки, додека на сет глас гостите и пееја роденденска песна. Подоцна атмосферата премина во забава со жива музика, а Џенифер стана и затанцува со сите“, открива изворот.
Посебно патување со сестрата
Покрај парискиот гламур, Џенифер го искористи јули за посебно патување со нејзината помлада сестра Линда, со која имаат традиција за задеднички роденденски одмор.
„Двојно роденденско патување со сестра е секогаш добра идеја. Те сакам Лини!“, напиша пејачката на фотографиите од нивното европско патување.
Џеј Ло со овој јубилеј уште еднаш докажа дека годините за неа се само бројка, а нејзината енергија и став кон животот продолжуваат да бидат инспирација за милиони луѓе ширум светот.


