ВИДЕО | Џејми Оливер откри како да направите фантастичен сос за бургери

Фото: Flickr

Ако се прашувате како мајсторите за плескавици го прават ова јадење неверојатно вкусно и сочно, тајната лежи во подготовката на месото, како и во сосот.

Познатиот британски готвач Џејми Оливер е познат по тоа што и на најобичната храна ѝ дава посебен вкус, а неговиот рецепт за сос за плескавици (бургери) ќе ве воодушеви. Вака приготвениот сос можете да го послужите и со пилешко.

Состојки:

– 150-200 грама мајонез
– 1 лажичка сенф
– 2 лажички кечап
– 2 лажички сос од сушени домати
– малку сок од лимон
– 1/2 бел и виолетов кромид
– зелка
– 1 кисела краставица

Подготовка:

Во мајонезот додајте сенф, кечап, сос од сушени домати, сок од лимон, сечкан кромид, сечкана зелка и кисела краставица. Сè добро измешајте. За да го добиете посебниот шмек на рецептот на Џејми Оливер, во сенфот додајте кромид. Додајте го сечканиот виолетов кромид и пржете додека не омекне. Потоа сипете 3 лажици оцет, 2 лажици шеќер и 1 лажичка сенф. Промешајте, па кога ќе почне да врие, исклучете го.

Сосот сипете го во стерилизирана тегла. Покријте и оставете да отстои околу 2 дена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот