Фото: Х

ВИДЕО Двајца новинари убиени во израелски напад во Либан

Меѓу загинатите се идентификувани Фатима Фатуни, репортерка на Ал Мајадин, и Али Шајеб, дописник на Ал-Манар.

Двајца новинари и уште едно лице загинаа во израелски напад врз нивно возило во јужен Либан, во инцидент што предизвика остри реакции и дополнително ја заостри ситуацијата во регионот.

Меѓу загинатите се идентификувани Фатима Фатуни, репортерка на Ал Мајадин, и Али Шајеб, дописник на Ал-Манар.

Израелските власти тврдат дека тие биле поврзани со Хезболах.

Либанскиот претседател Жозеф Аун го осуди нападот и повика на меѓународна реакција.

-Ги повикуваме сите меѓународни организации да преземат мерки за да се запре она што се случува на нашата земја, и уште еднаш изразуваме сочувство до семејствата на мачениците и новинарската и медиумската заедница во Либан – изјави Аун.

Израелски воен претставник, пак, го опиша Али Шајеб како дел од структурата на Хезболах.

-Ал Шајеб беше ‘секундарна оска’ во пропагандниот апарат на Хезболах. Тој одржуваше контакти со познати оперативци на Хезболах – изјави израелскиот претставник.

Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили најавија дека ќе продолжат со „силни дејствија“ против Хезболах, што дополнително ја зголемува неизвесноста и ризикот од нова ескалација во јужен Либан. објави Скопје1.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот