ВИДЕО | Драма во Мароко: Дете три дена заглавено во бунар, додека се мачат да го извлечат, му спушаат храна и вода со јажиња

Петгодишно дете од Мароко падна во бунар/Фото: EPA-EFE/Jalal Morchidi

Петгодишно дете три дена остана заробено во бунар на северот на Мароко додека спасувачите се обидуваат да најдат начин да го извлечат, изјави денеска портпаролот на мароканската влада.

Детето падна во вторникот во бунар длабок 32 метри во близина на северниот град Шефшауен.

Бунарот е длабок 32 метри/Фото: EPA-EFE/Jalal Morchidi

Локалните медиуми денеска објавија дека малото дете земало храна и вода кои му биле фрлени со јаже. Во обид да го спасат, спасувачите копаат покрај бунарот.

Се копа со багери покрај бунарот каде падна детето/Фото: EPA-EFE/Jalal Morchidi

Дијаметарот на бунарот се стеснува до дното, од 45 сантиметри на врвот, што ги спречува спасувачите сами да се симнат за да го земат малечкиот Рајан, изјави водечкиот спасувач за државната телевизија „Ал Оула“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот