Лука Дончќ/LA Lakers

ВИДЕО: Дончиќ го водеше Лејкерс до победа, Јокиќ беше на чекор од трипл-дабл, но Денвер загуби

Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар за триумф на Лос Анџелес лејкерс над Сакраменто кингс со убедливи 128-104, додека Никола Јокиќ имаше уште поимпресивна индивидуална вечер, но неговиот Денвер загуби на домашен терен од Минесота со 108-117.

Лејкерси уште во првата четвртина ги решија сите дилеми околу победникот, откако ја добија со убедливи 36-18. До крајот само рутински ја контролираа играта и ја потврдија високата победа.

Дончиќ беше најефикасен на натпреварот со 28 поени, на кои додаде и девет асистенции. Кај Сакраменто, најрасположен беше Клифорд со 26 поени, но неговиот учинок не беше доволен за посериозен отпор.

Денвер, пак, го запиша вториот пораз во низа и трет во последните четири средби. Јокиќ  дуелот го заврши со 35 поени, 13 скокови и девет асистенции, останувајќи на чекор до трипл-дабл, но и тоа не го спаси тимот од неуспех. Минесота до победата стигна со колективна игра, а најефикасен во нивните редови беше Едвардс со 21 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Сан Антонио 114-89
Бруклин – Кливленд 102-106
Чикаго – Милвоки 120-97
Денвер – Минесота 108-117
Индијана – Мемфис 106-125
Аталанта – Портланд 135-101
Орландо – Детроит 92-106
Бостон – Филаделфија 114-98
Далас – Оклахома 87-100
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 137-117
ЛА Лејкерс – Сакраменто 128-104

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот