ВИДЕО: Дибала го испрати Јувентус во Конференциската лига

Со последните пет натпревари од 38 коло и официјално заврши натпреварувачката сезона 2022/2023 во Серија А.
Од претходно веќе беше познато дека Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е новиот шампион на Италија, а во групите на Лигата на шампионите следната сезона ќе играат Лацио, Интер и Милан.
Со последната лигашка рунда беа доделени и последните места за останатите европски клупски натпреварувања. Во групната фаза на Лига Европа се селат Аталанта и Рома, а во Конференциската лига ќе игра Јувентус.
Специја водеше на „Олимпико“ со голот на Николау уште од шестата минута, но римската „волчица“ направи целосен пресврт. Најпрвин израмни Залевски во 43 минута, а конечниот епилог го постави Дибала од пенал во 89 минута.
Со тој погодок Аргентинецот му пресуди на својот поранешен клуб Јувентус чија победа против Удинезе од 1:0 не вредеше.
Во другите мечеви Аталанта со 5:2 ја совлада Монца, потоа Милан со 3:1 ја надигра Верона, додека Болоња слашеве кај Лече (2:3).
Кремонезе и Сампдорија од следната сезона ќе играат во Серија Б, а кој ќе им се придружи ќе се знае по битката за опстанок меѓу Специја и Верона.