ВИДЕО: Наполи и Елмас ја слават титулата во Серија А

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Новиот шампион на Италија, Наполи со победа ја заврши одличната сезона во Серија А откако во последното коло на домашен терен со 2:0 ја совлада Сампдорија.

Стрелци на головите за клубот од Неапол беа Осимен од пенал во 64 и Симеоне во 85 минута од средбата на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер на овој меч и настапи до 68 минута кога беше заменет од Распадори.

Севкупно нашиот фудбалски „дијамант“ во својата четврта сезона за „наполитанците“ во шампионатот имаше 36 настапи, запиша шест голови и три асистенции.

Елмас е вториот фудбалер од Македонија по Горан Пандев (со Интер во 2010 година) кој се радува на Скудетото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот