ВИДЕО: Девојче падна од третиот кат од станбена зграда, сите останаа вчудовидени како се спаси

Неверојатната сцена се случи во саботата вечерта во рускиот град Томск  откако шестгодишно девојче падна од третиот кат во станбена зграда, но благодарение на снегот на тревникот подолу, таа преживеа и не претрпе сериозни повреди.

Несреќата е снимена од надзорните камери од блиската зграда, а тоа видео стана вирално на социјалните мрежи бидејќи за сите беше неверојатно девојчето да стане и веднаш да оди.

Сепак, девојчето, чиј идентитет не беше откриен затоа што е малолетничка, цела ноќ ја помина на преглед во болницата. Подоцна беше објавено дека нема скршеници, но дека се забележани полесен потрес на мозокот и полесни телесни повреди.

Според избор од болницата, таа ноќта ја поминала на интензивна нега.

„Лекарите успеаја да го стабилизираат здравјето на малата пациентка“, додаваат тие.

На видеото се гледа како девојчето паѓа од нејзиниот балкон и силно удира во еден куп снег.

Лежеше некое време на тоа место, по што стана и со напор ја прескокна малата ограда, фаќајќи се за колкот, кој ја болел од падот. Потоа истрча кон нејзината зграда од која падна.

Локалните медиуми објавија дека загрижен сосед се јавил во брза помош откако ја видел несреќата. На крајот се покажало дека мајката го оставила девојчето само во станот, но за среќа биле избегнати фатални последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот