Шкендија/KF Shkëndija

ВИДЕО: Дербито во Тетово за Шкендија, Тиквеш ја наполни мрежата на Шкупи

Со денешните два натпревари од 14:00 часот отворен беше вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а во овие дуели победи забележаа Шкендија и Тиквеш.

Продолжението на шампионатот донесе директен дуел меѓу екипите што беа во самиот врв, а тетовци успеаја да ја капитализираат домашната предност благодарение на поквалитетната завршница славејќи со 2-0. Првиот дел од натпреварот помина без поголеми возбудувања, со многу тактичко надмудрување и игра концентрирана околу средината на теренот.

Сепак, Шкендија беше поконкретна пред паузата и создаде неколку сериозни можности, меѓутоа сепак изостана реализацијата.

Во второто полувреме, притисокот на домаќините беше поизразен, но цврстата одбрана на Струга долго време го држеше резултатот отворен. Клучниот момент се случи во 79. минута кога по обидот од далечина на Ибраими и одбиената топка, Трумчи асистираше, а Себастијан Спахиу мирно ја смести топката во мрежата за водство од 1-0.

Само неколку минути подоцна, дилемите околу победникот беа отстранети. Новото засилување Фахд Нзенгуе, кој зимава пристигна од ,,италијанска” Брера, на својот прв официјален настап за Шкендија го постигна дебитантскиот погодок и ги постави конечните 2-0.

Во вториот натпревар од денот, гледачите во Кавадарци присуствуваа на вистинска голеада. Тиквеш, иако формално гостин поради проблемите на Шкупи играше на својот стадион и лесно славеше со победа од 6-0. Чаирчани кои се последни на табелата со само еден бод во овој дуел не испратија ниту еден удар кон противничкиот гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот