Даниел Редклиф, Хју Џекмен - Фото: Принтсркирн/Јутјуб/ EPA/WILL OLIVER

ВИДЕО | Даниел Редклиф за улогата на Вулверин: „Среќен сум што не морам да го заменам Хју Џекмен“

За Даниел Редклиф, познат по улогата на Хари Потер, долго време се сметаше како како можен наследник на Хју Џекмен за легендарната улога на Вулверин во филмовите на Марвел. Сепак, во новото интервју, Редклиф откри дека никогаш не размислувал да ја преземе таа улога и дека никој никогаш не му ја понудил.

По филмот „Логан“ од 2017 година, изгледаше дека ерата на Џекмен како Вулверин завршила. Со планираниот влез на „Икс мен“ во Марвел вселената во филмот „Одмаздници: Тајните војни“, интернетот е преполн со шпекулации кои би можел да го замени Хју Џекмен, како и други актери како Иан Мекелен, Хали Бери и Џејмс Марсден.

Instagram

Во текот на годините, името на Даниел Редклиф се појавуваше повеќе пати, заедно со бројни фотографии што покажуваа како би изгледал со фризурата и канџите на Вулверин.

 

Сепак, Редклиф во интервју за „ComicBook“ јасно рече дека никогаш немало вистинска опција да ја добие улогата:

„Немаше никаква вистина во тоа. Не беше реално. Никој кој одлучуваше за тоа никогаш не ми ја спомна улогата“, изјави Редклиф.

Тој додаде дека, иако идејата е интересна, не сака да преземе улога по која Хју Џекмен е најпознат:

„Искрено, би било лудо да не размислувам за нешто такво, но ако Вулверин некогаш добие нов актер, идејата да го наследам Хју Џекмен во таа улога не ми е ни на крај памет. Не би сакал да ја преземам неговата улога, особено не онаа по која е најпознат. Среќен сум што нема да морам тоа да го правам и што Хју ќе продолжи да ја игра улогата“, рече тој.

Редклиф исто така истакна дека не е особено насочен кон супер-херојските филмови и дека му е поважно да избира проекти според квалитетот на сценариото:

„Ако добијам возбудливо и необично сценарио, тоа би ме интересирало, без разлика за каков филм станува збор. Но во моментов не барам такви улоги“, додаде тој.

Ерата на Хју Џекмен како Вулверин остави длабок впечаток, од првиот X-Men во 2000 година до „Логан“. Неговиот повраток во филмовите „Дедпул“ и „Вулверин“ во 2024 година дополнително го потврди неговиот статус на незаменлив Вулверин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот