ВИДЕО: Далеку е елитата за „металците“, МЗТ убедливо поразен од Младост Земун!

Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Во првиот натпревар од четвртфиналето во АБА 2 лигата денеска екипата на МЗТ Скопје Аеродром беше убедливо поразен од Млaдост Земун со резултат 95:75.

За македонскиот претставник на денешниот меч најрасположени беа Карачиќ со 15 поени, а пет помалку Тарнер, додека на спротивната страна за српскиот состав доминираа Дрешел со 24 поени, Танасковиќ додаде 19, а Гомболд 18.

Потсетување дека сите мечеви од четвртфиналниот плеј-оф за учество во првата АБА лига се играат во салата „Морача“ во Подгорица, Црна Гора.

Возвратната пресметка помеѓу МЗТ и Младост Земун ќе се игра на 22 април (четврток) исто така со почеток од 12.00 часот.

Најинтересните моменти од натпреварот можете да ги погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот