ВИДЕО | Д-р Димова: Далеку од тоа дека можеме да ја прогласиме пандемијата за завршена

Новиот вирус е повирулентен. Еден од моментите што ја прави заразноста на овој вирус голема е што кај помладите дава една полесна клиничка слика од типот на главоболка и кивавица што не беше типично кај претходните соеви. Вториот момент е што самата мутација на вирусот е повирулентна, а по однос на смртноста можеби за нијанса е поголема, но самата брзина на ширење го прави поопасен, изјави во Утрински брифинг д-р Александра Димова и додава дека класичните ПЦР тестови го детектираат само присуството на КОВИД вирусот, а за која субваријанта се работи потребни се дополнителни испитувања.

„Кај нас имаме два пријавени случаи, така што допрва ќе видиме дали и колку ќе се прошири истиот вирус“, вели д-р Димова.

„Опасноста постои не само од навивачите од Романија, туку од сите други лица кои што периодов патуваат. Ситуацијата е поотворена од претходно, туристи доаѓаат и имаме поголема фрекфенција на луѓе во земјава. Никој не може да предвиди што точно ќе се случи, бидејќи и 500 заразени со новиот сој да влезат не значи дека тоа задолжително ќе ја прошири со голема брзина заразата со делта сојот, од друга страна и петтмина да влезат во зависност од тоа какви ќе бидат нивните контакти можат да заразат повеќе лица“, смета д-р Димова.

„Во текот на летово мое очекување е дека ситуацијата ќе остане под контрола, не само заради тоа што вирулентноста можеби е помала во топлите месеци, туку и заради самиот факт што поради топлото време сме на отворено. Што ќе се случи во есенскиот период во голема мера зависи од самите нас, имам впечаток дека малку прерано почнавме да се олабавуваме во смисла на тоа што во ред е што мерките се олабавија, но секој лично за себе мора да запомни дека сме далеку од тоа дека можеме да ја прогласиме пандемијата за завршена. Мутации и субмутации вирусот само по себе ќе ги има. Некои од нив ќе бидат незначајни, но некои од нив можат да бидат сериозни. Со самото доаѓање на есента, поладното време и затворањето во затворен простор повторно може да очекуваме пораст на бројките, така што она што останува значајно е почитувањето на основните пораки од почеток“, смета д-р Димова.

„Според најновите истражувања вакцините штитат од новите соеви. Ефикасноста во некој процент е помала во однос на алфа сојот. Сите вакцини прават заштита заразата да се помине со полесни симптоми, да се избегне хоспитализација и смртни последици“, вели д-р Димова.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот