ВИДЕО: Чурлинов со првите минути сезонава во Бундеслигата!

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK/POOL/DFL

Во рамките од петтото коло во најсилното германско првенство денеска ремизираа Штутгарт и Келн (1:1).

Уште во првата минута поведоа домаќините со голот на Мангала после асистенцијата на Калајџиќ, а израмнија гостите од пенал во 23 минута, прецизен од белата точка беше Андерсон.

Вечерва младиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов ги имаше првите минути сезонава во Бундеслигата за екипата на Штутгарт.

Нашиот играч при резултат 1:1 настапи од 74 минута како замена за австрискиот интернационалец Калајџиќ.

Наредниот меч фудбалерите предводени од тренерот Матарацо ќе го имаат на 30 октомври на гостински терен против составот на Шалке 04.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот