чурлинов
Дарко Чурлинов имаше значаен придонес во успехот на Шалке/Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

ВИДЕО: Чурлинов асистираше, а Залазар возврати со гол од пола терен против Нирнберг

Денеска во последното 34 коло од втората германска лига составот на Шалке триумфираше на гостувањето кај Нирнберг со 1:2.

Клубот од Гелзенкирхен кој веќе го славеше враќањето во Бундеслигата ја заврши сезоната со 20 победи за прво место на табелата со 65 освоени бодови.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и на денешниот меч имаше значаен придонес и ги крена уште повеќе најавите дека и следната сезона ќе го гледаме во дресот на Шалке, иако е моментно на позајмица од Штутгарт, кој патем во саботата обезбеди опстанок во елитата.

Во 15 минута од средбата Чурлинов (кој го одигра целиот меч) асистираше до Уругваецот Родриго Залазар, а овој возврати со фантастичен гол од пола терен и ја испрати топката во мрежата на Клаус.

Домаќините во 86 минута израмнија преку Шлејмер, а само 120 секунди подоцна конечниот епилог го постави Терод по асистенцијата на Идризи.

Со Шалке, во Бундеслигата се враќа и Вердер Бремен, а бараж ќе игра екипата на Хамбургер против Херта Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот