ВИДЕО: Чудо во Белград, Партизан загуби од Студентски центар во АБА лигата

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Денеска се случи едно од најголемите изненадувања во историјата на АБА лигата откако Студентски центар Дерби на гостински терен минимално со 83:84 славеше над фаворитот Партизан во Белград во првиот натпревар од четвртфиналниот плеј-оф.

Најдобар во редовите на црногорската екипа доминираше Андрија Славковиќ со 22 поени, следен од Флечер Меги со 16. А кај српскиот гигант како прв стрелец се истакна Зек Ледеј кој запиша 20 поени.

Гостите подобро го отворија натпреварот и по три минути имаа водство од пет коша разлика. Партизан се мачеше во нападот, а ривалот успеа да го одржи водството до крајот на четвртината.

Во втората четвртина гостите заиграа уште поагресивно и успеаја да ја зголемат предноста на 13 поени. „Црно-белите“ се вратија во игра преку Пантер и Ледеј. На паузата меѓу двете полувремиња Студентски центар замина со само еден поен предност.

Третата четвртина донесе нешто побрза игра, се играше кош по кош, а Партизан никако не наоѓаше начин да дојде до водство. Последниот период домашните го отворија со поените на Трифуновиќ со што обезбеди пресврт на неговиот тим. До крајот гостите успеаја да го свртат резултатот во своја полза и да поведат со еден поен на минута до крајот.

Вториот натпревар од четврт-финалето е закажан за в четврток во Подгорица од 19.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот