ВИДЕО: Челси славеше против Арсенал, грешка на Белерин

Фото: EPA-EFE/Catherine Ivill

Продолжуваат екипите со одигрување на пријателски натпревари како подготовка за новата сезона, така е и во Англија каде што денеска беше одигран контролен меч помеѓу Арсенал и Челси.

Лондонските „сини“ славеа со резултат 2:1 против „топџиите“ во чии редови во второто полувреме Ектор Белерин направи грешка која го чинеше пораз на својот клуб.

После првото полувреме составот на Тухел водеше со голот на Хаверц после асистенцијата на Вернер во 26 минута.

Тимот на Артета успеа да израмни со погодокот на Џака во 69 минута по додавањето на Пепе.

Конечниот епилог беше поставен во 72 минута кога Белерин направи грешка во своето додавање, топката ја украде Абрахам кој ја затресе мрежата на Лено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот