ВИДЕО: Целје непријатно го изненади Кил, втора победа во ЛШ за Алборг

Целје стигна до голема победа над бундеслигашот Кил/фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Почнаа возбудувањата и од второто коло во ЕХФ Лигата на шампионите, екипата на Кил иако ја имаше фаворитската улога неочекувано загуби на гостувањето кај Целје со 38:36.

Тоа е прва победа за Словенците во групата „Б“, најефикасен во нивните редови против бундеслигашкиот гигант беше Влах со девет погодоци.

На спротивната страна 10 пати во листата на стрелците се запиша Винчек.

Во истата група данскиот Алборг стигна и до вториот триумф сезонава откако во скандинавската пресметка со 25:33 славеше кај Елверум.

Хоксер Хангаард беше прв стрелец за Алборг со седум голови, по шест имаа Хансен и Нилсен.

За Норвежаните како најрасположен се издвои Нилсен Мое со пет погодоци, по четири имаа Авад, Борзас и Лиен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот