ВИДЕО | Цеца на премиерата на „Недела“: Облекла модна комбинација од 10.000 евра

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ cecaraznatovic

Синоќа во српската престолнина се одржа премиерата на долгоочекуваниот филм „Недела“ (Недеља) кој ја раскажува животната приказна на починатиот фолк пејач Џеј Рамадановски.

Светлана Цеца Ражнатовиќ на премиерата пристигна меѓу првите, со ќерката Анастасија Ражнатовиќ.

И Цеца и нејзината наследничка за оваа пригода се одлучија за елегантни костуми, но фолк ѕвездата на овој аутфит додаде интересен детал – пердуви.

Како што пишува пренесува „Нова.рс“, сакото чини 5.975 евра, додека панталоните се нешто поевтини и чинат 3.125 евра.

Чантата во црна боја на брендот „YSL“ чини 920 евра, па фолк ѕвездата за целиот стајлинг платила околу 10.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот