Црвена Звезда - Лил/FK Crvena Zvezda

ВИДЕО: Болен пораз за Звезда, Лил победи во Белград за осминафинале во Лига Европа

Европската авантура на Црвена Звезда заврши на болен начин, откако белградскиот тим по продолженија беше поразен со 2-0 од Лил и остана без место во осминафиналето на Лига на Европа на УЕФА.

Српскиот шампион на свој терен ја бранеше минималната предност стекната во Франција, но таа гостите од Франција ја надополнија на самиот старт. Искусниот Оливие Жиру по само четири минути игра ја затресе мрежата по асистенција на Андре и го врати двомечот на почеток.

До крајот на регуларниот дел францускиот состав беше поконкретен и поопасен, создавајќи повеќе шанси, додека Звезда тешко наоѓаше пат до противничкиот гол. И кога успеваше да се закани, недостасуваше завршниот удар.

Клучниот момент пристигна во 99. минута од продолженијата, кога Дан Ндој погоди за 2-0 и донесе вистински шок за трибините на „Маракана“. До крајот Лил ја сочува предноста и обезбеди пласман меѓу најдобрите 16, додека Звезда остана со горчливо чувство дека пропушти голема шанса да продолжи во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот