ВИДЕО | Бизарна судбина: Британката Вајолет Џесоп преживеала дури три бродски несреќи!

Вајолет Џесоп/Instagram
Вајолет Џесоп/Instagram

Британката Вајолет Џесоп е историска личност за која малкумина знаат – а таа има неверојатна среќа или малер, зависно како гледате на работите. 

Родена е во Аргентина во 1887 година, како најстаро дете во семејство на ирски иселеници. Како најстара сестра, се посветила во грижата на своите осум помлади браќа и сестри додека растела, а таа грижа се провлекува и низ нејзиниот работен труд и карактер подоцна.

Она што е фасцинантно за оваа жена е дека била на три светски познати бродски патувања, и ги преживеала сите три бродоломи – на „Титаник“, „Олимпик“ и „Британик“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @victoriangirl1889

Како мало девојче преживеала туберкулоза иако прогнозите на лекарите за нејзината состојба не биле оптимистични. На едвај дваесет години се посветила на кариерата како стјуардеса на големите патнички бродови кои во тој период се актуализираат и бродската индустрија доживува огромен подем.

Во тоа време, ваква професија имале само одредени жени и оваа девојка по секоја пловидба се враќала со барем неколку брачни понуди, кои сите ги одбивала, дури и на најбогатите ергени.

Прво работно место на Вајолет било на бродот Ориноко, во 1908. Подоцна ја сменила компанијата и почнала да работи на бродот „Олимпик“. Со оваа понуда добила можност за повеќе финансии и шанса да си ја насочи иднината во своја полза.

Бродот Олимпик завршил неславно со несреќа по која изгледал како да бил целосно смачкан, но Вајолет за некое чудо успеала да се спаси. Подоцна стапнува на култниот брод „Титаник“ и првпат патува со него на 10 април, 1912 година, четири дена пред бродот да заврши на морското дно.

Титаник/Facebook
Титаник/Facebook

Вајолет која веќе била искусна со бродските хаварии, останала ладна и присебна кога „Титаник“ удрил во сантата мраз. Им помогнала на многу луѓе да стигнат до чамците за спасување, а и кога сама седнала во еден од нив, во раце и ставиле мало дете и ја замолиле да се погрижи за него. Вистинска хероина на вода!

По оваа кобна несреќа, можеби ќе си помислите дека Вајолет ќе се откаже од работата на брод. Но не. Следна дестинација за неа бил болничкиот брод „Британик“. Во 1916та, бродот налетал на подводна мина во Егејско море и буквално се потопил. Бродот тонел речиси еден час и повлекол 30 жртви. Вајолет успешно се спасила, иако го преживеала притисокот кој ја одвлекол во длабочините и ја освестиле од хипотермија.

„Непотопливата госпоѓица“ како што ја нарекувале светските медиуми, продолжила да работи на море. Пловела со години, до крајот на работниот ангажман кога отишла во пензија во 1950 година.

Видео на денот