ВИДЕО: Беше фаворитка за медал, а за скок во вода доби оценка „нула“

Фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Лошите моменти на фаворирите не се случуваат толку често во секое натпреварување како на Олимписките игри. Големиот притисок, големите очекувања и свесноста дека шансата е сега, и доколку не се искористи, следната е за четири години, доведе до големо разочарување за оние кои не се психички подготвени.

Меѓу другите, тоа го почувствува и Памела Вор од Канада која се натпреварува во скокови во вода. Таа дојде во Токио како кандидат за медал, со бројни медали од големите натпреварувања зад себе, но овојпат на Игрите во јапонскиот град доби оценка „нула“.

Крадецот скокнал од даската на височина од три метри и очигледно нејзината концентрација не беше на потребното ниво. Таа започна да скока, се фрли од даската двапати и потоа буквално на нозе се фрли во базенот. Памела немаше никаква изведва, затоа и остана без оцена, и воедно без место во финалето.

Канаѓанката после настапот им рече на новинарите дека мораше да го заврши скокот на тој начин, бидејќи била деконцентрирана и се плашела дека ќе се повреди доколку почне да го прави очекуваниот скок во таква состојба.

– Направив сè што е потребно за да дојдам во Токио, но и јас сум исто така само човек, кој може да прави грешки. Се надевам дека ќе се навикнете на мене, бидејќи јас и натаму ќе бидам активна, нема да се откажам – рече Вор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот