ВИДЕО | Бензема: Сакав да ја завршам кариерата во Реал, но животот дава други можности

фото: EPA-EFE/Daniel Gonzalez

Според она што е досега познато, Карим Бензема ќе потпише тригодишен договор со клубот од Саудиска Арабија, Ал-Итихад и со тоа ќе стане втората фудбалска мегаѕвезда во таа земја, по поранешниот соиграч Кристијано Роналдо кој игра за Ал Наср.

Идејата на Саудијците е францускиот напаѓач да биде дел од големиот проект за промоција на оваа земја преку спортот и фудбалот.

Крајната цел на Саудијците е на овој начин да дадат поддршка за организација на Светското првенство во 2030 година.

Еден ден откако Реал Мадрид ја потврди разделбата со Бензема, фудбалерот одржа прес-конференција на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и емотивно проговори за сè што има да каже во врска со неговото заминување.

– Тешко е да се каже нешто, но многу благодарам на Реал Мадрид и на моите соиграчи. Имав доволно среќа да го остварам мојот сон за кој сонував уште од мал. Благодарам претседателе, имав само 21 година кога дојдов. Кога првпат те видов видео си реков: „Ги донесовте Зидан и Роналдо, а сега и мене ме доведовте“, Еден, два, три, напред Реал – Французи изрази голема благодарност до Флорентино Перез.

Му се заблагодари и на тренерот на клубот Карло Анчелоти со кој, како што вели, станал подобар играч.

– Благодарност до тренерот кој секогаш ме поддржуваше, ми даваше доверба. Никогаш нема да го заборавам тоа, научив многу од Анчелоти. Ова е тажен ден за мене бидејќи го напуштам клубот и тоа ме боли. Сакав да ја завршам мојата кариерата овде, но животот понекогаш дава други можности. Мадрид секогаш ќе биде мое семејство. Благодарам и на навивачите, искрено ви благодарам за се – рече Бензема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот