Бензема потпиша договор на три години со Ал-Итихад

фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Францускиот фудбалер Карим Бензема потпиша тригодишен договор со клубот од Саудиска Арабија, Ал-Итихад, објави денеска агенцијата „Франс прес“.

Информацијата за трансферот на Бензема во тимот од Џеда за „АФП“ ја потврди клупски извор.

Освојувачот на „Златната топка“ претходните 14 години беше член на Реал Мадрид, а со шпанскиот клуб петпати беше шампион на Европа и светот, се закити и со четири титули во „Ла Лига“.

Последниот меч за „кралевите“, 35-годишниот напаѓач го одигра во неделата против Атлетик Билбао (1:1), а единствениот гол за Реал го постигна Бензема од пенал.

Во својата професионална фудбалска кариера ги бранеше и боите на францускиот Лион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот