ВИДЕО: Белоруската атлетичарка во бегство слета во Виена, следна станица Варшава

Фото: facebook.com/newsrambler/

Авионот во кој се наоѓа белоруската спринтерка Кристина Тимановскаја, слета во Виена, покажаа снимките објавени на телевизија.

Тимановскаја ја напушти Јапонија рано утрово под дипломатска заштита на Полска. Подоцна ќе отпатува за Варшава.

Се очекуваше Тимановскаја да отпатува директно во Варшава откако Полска ѝ додели хуманитарна виза, но таа ја смени дестинацијата во последен момент, рекоа официјалните лица.

Тимановскаја претходно одби да се качи на авион за Минск од Токио, откако ги критикуваше своите тренери.

Белорусија објави дека е отстранета од националниот тим на Летните олимписки игри во Токио поради емоционалната состојба.

ВИДЕО | Спринтерка во Токио побара помош од ИОК: Сакаат на сила да ме вратат во Белорусија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот