Фото: EPA/STR

ВИДЕО | Барселона е првиот финалист во шпанскиот Суперкуп

Фудбалерите на Барселона обезбедија пласман во финалето на шпанскиот Суперкуп откако денеска го победија Атлетик Билбао со 5:0 во полуфиналето во саудискиот град Џеда.

Рафиња постигна два гола, додека Руни Барџи, Фермин Лопез и Феран Торес постигнаа по еден гол за Барса.

Каталонскиот гигант одигра доминантен натпревар, во кој имаше 80 проценти посед на топката.

Билбао имаше три одлични шанси, но не реализираше ниту една од нив.

На полувреме веќе беше 4:0, па во второто полувреме тимот на Ханси Флик само формано го приведе натпреварот кон крајот.

Вториот финалист на шпанскиот Суперкуп ќе биде познат в четврток, по натпреварот меѓу двата мадридски клуба – Атлетико и Реал. Нивното дерби започнува од 20.00 часот. Финалето ќе се игра во недела од 20.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот