ВИДЕО: Бајден е првиот американски претседател што одржа говор во црквата во која служел Мартин Лутер Кинг

Фото: Јутјуб/принтскрин

Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска им порача на граѓаните да бараат лекции во животната приказна на познатиот борец за правата на Афроамериканците, Мартин Лутер Кинг, за „да ги премостат нивните разлики и да ја искоренат неправдата“.

Со политичкиот говор во црквата, Бајден стана првиот американски претседател кој зборувал на неделната миса во историската црква во Атланта каде проповедал Кинг, кој бил свештеник.

Бајден дојде да се обрати пред верниците во баптистичката црква Ебенезер на покана на тамошниот свештеник, демократскиот сенатор Рафаел Ворнок.

Претседателот во говорот рече дека „САД и светот се борат против автократските сили“.

„Факт е дека стојам овде во критичен момент за Соединетите Држави и за светот“, рече Бајден, нарекувајќи го сегашниот „момент на избор“.

„Дали сме ние луѓето кои избираат демократија наместо автократија?“, праша претседателот. „Мораме да ја избереме заедницата наместо хаосот. Дали сме ние луѓето кои ќе ја изберат љубовта наместо омразата? Ова се прашањата на нашето време и затоа сум тука“.

Денеска ќе беше 94-тиот роденден на Мартин Лутер Кинг, најпознатиот и најцитираниот активист за граѓански права и еден од најголемите водачи за правата на американските врнци. Врз него бил извршен атентат во 1968 година во Мемфис, од страна на сегрегационистот Џејмс Ерл Реј. Кинг имал 39 години кога бил убиен. Тој служел во црквата Ебенезер од 1960 година до неговата смрт.

Многу претседатели, вклучувајќи го и Бајден, ја имаа посетено црквата Ебенезер за да му оддадат почит на Кинг, обично во деновите околу неговиот роденден, кој е државен празник во САД. Но, Бајден е првиот претседател кој ја имаше честа да зборува од говорницата на редовната неделна миса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот