ВИДЕО: Баерн декласиран на „БајАрена“, Елмас со минутажа во ремито на Лајпциг
Во дербито на 21 коло во Бундес лигата составот на Баер Леверкузен на домашен терен со 3:0 го совлада актуелниот шампион Баерн Минхен.
Препорачано
На „БајАрена“ во Леверкузен домаќините стигнаа до голем триумф над баварскиот гигант со головите на Станишиќ во 18, Грималдо во 50 и Фримпонг во 95 минута.
Сега на табелата во најсилното германско првенство Баер има 55 бодови на првата позиција, пет повеќе од второппласираниот Баерн.
Лајпциг ремизираше на гостувањето кај Аугсбург со 2:2, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи од 67 минута како замена за Дани Олмо.
Тиц во 35 минута донесе предност за домаќините, израмни Опенда во 39 минута. На стартот од вториот дел „биковите“ од Лајпциг имаа позитива пс голот на Шешко, а по еден час игра резултатот повторно беше во егал откако во листата на стрелците се запиша Демировиќ.
Лајпциг моментно се наоѓа на петтата позиција со 37 бодови и во следното коло на 17 февруари ќе го пречека составот на Борусија Менхенгладбах.
Во другите мечеви одиграни во саботата: Борусија Менхенгладбах – Дармштад 0:0, Ајнтрахт Франкфурт – Бохум 1:1, Унион Берлин – Волфсбург 1:0, Вердер Бремен – Хејденхајм 1:2.


